Spletna poslovalnica

ИНВЕСТИЦИСКА СТРАТЕГИЈА 2017

Согласно анализите на нашиот портфолио тим, во 2017-та година очекуваме зајакнување на светскиот економски раст, пред сѐ како последица на постимулативните фискални политики и на сѐ уште лабавите монетарни политики. Во САД сите очи се и ќе бидат вперени во новоизбраниот претседател и во имплементацијата на неговата економска програма, од која многу се очекува. Во Европа економските показатели се подобруваат, што е поткрепено и со лабавата политика на ЕЦБ. Главното прашање за годинава се резултатите од преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија. На пазарите во развој се очекува зајакнување на економскиот раст, пред сѐ во земјите извозници на енергија, на кои зголемените цени на нафтата им одат во прилог.

Имаме позитивна препорака за акциите, бидејќи во оваа инвестициска класа, имајќи ги предвид економската клима и релативните вредности, забележуваме најголем потенцијал. Истовремено очекуваме и висока волатилност, така што, веруваме дека во текот на годината ќе биде потребно активно управување и дополнително купување, односно стапување на позиција при корекции. На пазарите на обврзници се очекува релативно тешка година, бидејќи Американската централна банка ќе продолжи со зголемување на каматните стапки, а од Европската централна банка се очекува продолжување на мошне лабавата монетарна политика. Имаме неутрална препорака за државните обврзници и негативна за корпоративните.

Сите оние, кои се интересираат од пазарот на капитал, деталните анализи можат да ги пронајдат во специјално подготвеното издание на 85 страници, КД Фондови – СТРАТЕГИЈА 2017.

Ви посакуваме година на успешни и пред сѐ мудри инвестициски одлуки.

Тимот на КД Фондови
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24