Spletna poslovalnica

КД КЕШ ДЕПОЗИТ, паричен фонд

За кого е наменет фондот?

КД Кеш Депозит е исклучително корисна и едноставна алатка за правните лица кои се свесни за придобивките од активното управување со тековните средства. Исто така, фондот е наменет и за физички лица кои сакаат да остварат принос на своите заштеди без да се обврзуваат со временски рокови. 

Временскиот период препорачлив за вложување во фондот не е ограничен, односно зависи од индивидуалните преференции.


Назив на фондот КД Кеш Депозит - отворен инвестициски фонд
Скратен назив на фондот КД Кеш Депозит о.ф.
Друштво за управување КД Фондови АД Скопје
Датум на запишување во Регистарот на отворени фондови  12.07.2012 година
Инвестициска политика Фонд ориентиран кон банкарски депозити во Република Македонија
Инвестициски цели Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето
Валута на која гласат уделите МКД
Минимален износ за уплата нема
Депозитарна банка Шпаркасе Банка АД Скопје
Идентификациски број РОИФ1212072012КДКЕДЕ6364578 
Влезна провизија Нема
Излезна провизија Нема
Управувачка провизија 1% годишно
Надоместок на депозитарната банка  0,25% годишно
 
Права од удели 
Согласно Законот за инвестициски фондови, на сопственикот на удели од фондот КД Кеш Депозит му се гарантираат следниве права: 
  • право на информираност;
  • право на дел од добивката на фондот;
  • право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на уделите од страна на КД Фондови АД Скопје;
  • право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.


ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24